Македонија

ДУИ НАЈАВИ НОВ ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО: Бараат заштита на Охридскиот рамковен договор

ДУИ протест во Тетово е најавен за сабота, како реакција на одлуката на Уставниот суд за именувањето на улиците.

ДУИ НАЈАВИ НОВ ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО: Бараат заштита на Охридскиот рамковен договор

ДУИ најави втор протестен марш, кој треба да се одржи в сабота во Тетово, како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката за именување на улиците и враќање на старите имиња.

Од партијата повикаа на мирен и граѓански протест, со порака дека целта е заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност.

Според ДУИ, одлуката на Уставниот суд е непосреден повод за протестот, но незадоволството, како што наведуваат, е пошироко и се однесува на слабеење на механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

Од партијата тврдат дека Советот на Општина Тетово ја донел одлуката за именување на улиците согласно законот и со потребното двојно мнозинство. Тие посочуваат дека Владата не реагирала во законски предвидениот рок, што, според нив, значело дека актот бил одобрен.

ДУИ дополнително ја критикуваше и Општина Тетово, наведувајќи дека во постапката пред Уставниот суд не доставила побарани појаснувања и документација, со што, според партијата, не успеала правно да ја одбрани сопствената одлука.

Во соопштението се наведува и дека идните одлуки на Уставниот суд, меѓу кои и очекуваната одлука за Законот за употреба на јазиците, треба да бидат засновани на Уставот, Охридскиот рамковен договор и принципот на правна сигурност.

ОЗНАКИ: ДУИ