Македонија

(ФОТО) ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА СО НОВИ КОНТРОВЕРЗИИ: Протекоа фотографиии дека ДУИ носеле луѓе со два чартер-летови

(ФОТО) ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА СО НОВИ КОНТРОВЕРЗИИ: Протекоа фотографиии дека ДУИ носеле луѓе со два чартер-летови

Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, е новиот градоначалник на Брвеница, откако на вчерашниот втор круг освои 4.442 гласа, наспроти 4.177 гласови за Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ. Разликата меѓу кандидатите изнесува 265 гласа. По изборниот расплет, на социјалните мрежи се огласи и здружението „Shoqata për f. Çellopek – Zvicër“, кое им честиташе на жителите на општината за покажаното единство и демократскиот процес, а на Јахији и неговиот тим им посака успешен мандат.

Со честитката, објавија и неколку фотографии од авионски чартер-летови и со тоа де факто ги потврдија неофицијалните информации дека за време на изборниот ден во земјава пристигнале два чартер-летови со гласачи кои наводно дошле да го поддржат кандидатот на ДУИ. Засега нема официјална потврда за информациите за чартер-летовите, но по ваквите фотографии на јавноста ѝ е појасни како ДУИ стигна до градоначалник во Брвеница.