Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) „ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ“ ЕЧЕШЕ ВО ШТИП: Жељко Јоксимовиќ ја изненади македонската публика

Жељко Јоксимовиќ вечерва на Градскиот стадион во Штип ја запеа популарната македонска песна „Јовано, Јованке“. Публиката веднаш се приклучи и заедно со него ја испеа познатата песна. Изведбата предизвика големи овации од присутните. Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
На стадионот има огромен број посетители кои се дел од „Штипска Пастрмалијада“. Пред настапот на Јоксимовиќ, публиката ја загреваа Тони Зен и Елвир Мекиќ. Со настапот на српскиот музичар, атмосферата во Штип достигна кулминација. Вечерта продолжува со музика и забава пред многубројната публика на Градскиот стадион.
