Македонија
Дознај прв
ЛЕКАРОТ ВАСИЛЕВСКИ НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД: Тврди дека трипати бил одбиен поради возраста

Д-р Дарко Василевски, лекар и приватен специјализант, најави штрајк со глад, откако, како што тврди, третпат бил одбиен на оглас за вработување. Тој обвинува дека неговата возраст била земена предвид при изборот на кандидатите. Василевски реагира на последниот оглас за вработување на двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија. Тој бара транспарентна постапка и објаснување според кои критериуми биле избрани кандидатите.
Василевски тврди дека уште во 2022 година, кога првпат конкурирал, му било кажано дека е „стар“ и дека не може академски да напредува. Според него, прашањето за возраста било отворено и при следните конкурирања, а на последното интервју му била спомената и годината на раѓање. Тој побарал од Медицинскиот факултет да му биде доставена одлуката со критериумите за избор и правна поука, но вели дека досега не добил одговор.
Повеќе погледнете ТУКА.
