Македонија

(ВИДЕО) СВР СКОПЈЕ ЈА ОТКРИ И САНКЦИОНИРАШЕ ЖЕНАТА: Казнета за фрлање отпадоци во Лепенец

СВР Скопје ја откри и санкционираше 38-годишната М.И.Б. која беше снимена како фрла отпадоци во Лепенец, а казнета е и за непрописно паркирање.

(ВИДЕО) СВР СКОПЈЕ ЈА ОТКРИ И САНКЦИОНИРАШЕ ЖЕНАТА: Казнета за фрлање отпадоци во Лепенец

Жената е идентификувана по објавените снимки

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која беше снимена како фрла отпадоци во реката Лепенец. Станува збор за М.И.Б. (38) од Скопје, која денеска била повикана во Полициската станица од општа надлежност Карпош. По преземените мерки и активности, полицијата го утврдила нејзиниот идентитет, по што со неа бил извршен службен разговор. Снимките претходно беа објавени на социјалните мрежи, а на нив се гледаше како женско лице со патничко возило „Порше“ фрла отпадоци во реката кај мостот на улицата „Скупи“. По документирањето на случајот, на М.И.Б. ѝ е изготвен платен налог согласно Законот за јавна чистота поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена. Дополнително, добила и платен налог согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради непрописно паркирање на возилото на коловозна лента.

Полицијата реагираше по објавеното видео кај Лепенец

Случајот беше актуелизиран откако видеоснимките беа споделени на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции во јавноста. Од СВР Скопје презедоа мерки за утврдување на идентитетот на лицето, по што следуваше и соодветна санкција за утврдените прекршоци.

 

 

ОЗНАКИ: Лепенец