Свет
Дознај прв
ПУТИН СО ОСТРИ ТВРДЕЊА: Европските лидери ги користат Украинците како „топовско месо“
Владимир Путин ги обвини европските лидери дека ги користат Украинците како „топовско месо“ и предупреди дека Москва ќе одговори на заканите.

Путин обвини дека Киев сака да ја продолжи војната
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинското раководство се обидува да ги спречи изборите во Русија и дека на властите во Киев им е потребна војната за да останат на власт. Путин изнесе и тврдење дека Украина одамна се претворила во диктатура, додека западните земји, според него, го претставуваат украинското раководство како заштитник на демократијата. Тој истакна дека Киев зборува за обновување на преговорите, но со своите активности, како што тврди, го отежнува нивното одржување.
Путин предупреди дека Москва ќе одговори
Рускиот претседател оцени дека европските лидери ги користат Украинците како „топовско месо“ и дека со наводната руска закана ги прикриваат сопствените економски политики. Путин истовремено порача дека Русија е подготвена за соработка и обновување на односите со Европа, но предупреди дека Москва ќе одговори доколку продолжат надворешните закани. Тој повтори дека Русија, според неговите зборови, нема агресивни намери кон Европа.
