Свет

ПОЧИНА ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ ПЕЈАЧ (56): Данкан Шеик ја загуби битката по кратко лекување

Американскиот пејач Данкан Шеик почина на 56 години. Тажната вест ја потврди неговата мајка, а познат беше по хитот „Barely Breathing“.

ПОЧИНА ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ ПЕЈАЧ (56): Данкан Шеик ја загуби битката по кратко лекување

Познат по големиот хит „Barely Breathing“

Американскиот пејач и композитор Данкан Шеик почина на 56-годишна возраст, а тажната вест ја потврдила неговата мајка Сузан. Шеик бил примен во болница претходно оваа недела во критична, но стабилна состојба, а според неговата мајка починал како последица на откажување на органите. Светска слава стекна со песната „Barely Breathing“, објавена на неговиот деби-албум во 1996 година. Песната се искачи до 16. место на „Billboard Hot 100“ и на листата останала 55 недели. За хитот Шеик бил номиниран и за „Греми“ наградата за најдобар машки поп вокал.

Данкан Шеик на наградуваниот мјузикл „Пролетно будење“

Иако „Barely Breathing“ беше неговиот единствен сингл што се пласирал на „Hot 100“, Шеик продолжил активно да создава музика и во кариерата објавил девет студиски албуми. Тој беше и автор на музиката за мјузиклот „Пролетно будење“, за кој беше награден со престижните „Тони“ и „Греми“. Шеик за време на студиите на Универзитетот Браун свирел во бенд со Лиза Лоеб, а неговото музичко наследство останува најмногу поврзано со хитот „Barely Breathing“.