Македонија

(ВИДЕО) СЕ ПИШАЛ АЛБАНЕЦ ДА СЕ ВРАБОТИ, А МАКЕДОНЕЦ ДА СТАНЕ ДИРЕКТОР: Спасовски со документи за Петар Гајдов

(ВИДЕО) СЕ ПИШАЛ АЛБАНЕЦ ДА СЕ ВРАБОТИ, А МАКЕДОНЕЦ ДА СТАНЕ ДИРЕКТОР: Спасовски со документи за Петар Гајдов

Оливер Спасовски во Собранието изнесе документи поврзани со директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Петар Гајдов. Спасовски посочи дека Гајдов при вработувањето се изјаснил како Албанец. Според него, позицијата за која Гајдов бил избран била предвидена за лице од албанска националност.

Ексминистерот рече дека во решението за избор Гајдов бил наведен како припадник на албанската заедница. Тој додаде дека подоцна, кога конкурирал за директор на Агенцијата, Гајдов доставил нотарски заверена изјава во која се изјаснил како Македонец. Спасовски нагласи дека не навлегува во тоа како се изјаснува самиот тој, но го отвори прашањето за различните изјави дадени во различни постапки.