Магазин
Дознај прв
ГУЖВА ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА, ПРАЗНО ПРЕД БУГАРСКАТА: Различен интерес за гласањето во Скопје

Денеска има избори и во Србија и во Бугарија, но сведоци сме на два екстреми. Различен интерес за гласањето во Скопје. На српските избори има рекордно голема излезност, а на бугарските рекордно ниска. Ист е трендот и во Скопје. Србите од Македонија и Бугарите (кои ги има поприлично помалку) од Македонија излегоа на гласање. Пред српската амбасада во Скопје денеска имаше гужва, додека пред бугарската амбасада интересот за гласање беше слаб. На изборите во Србија, во Македонија се пријавиле 1.438 лица, кои гласаат во Скопје и Куманово.
Двете избирачки места биле отворени од 7 часот по локално време. Според изјавите на дел од повозрасните гласачи, тие не посакуваат промени и очекуваат продолжување на досегашната политика. Дел од помладите гласачи, пак, очекуваат промени. Во меѓувреме, за претседателските избори во Бугарија во Македонија се пријавиле само 265 бугарски државјани, иако се отворени седум избирачки места во повеќе градови. Според пописот од 2021 година, во Македонија 23.847 лица се изјасниле како Срби, а 3.504 како Бугари.
Извор: Телма
