Македонија

(ГРАФИКОН) ИЗЛЕГОА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Неизвесна трка при рекордно ниска излезност, Јотова со 32,6%, Ѓуров 31,5% од гласовите

(ГРАФИКОН) ИЗЛЕГОА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Неизвесна трка при рекордно ниска излезност, Јотова со 32,6%, Ѓуров 31,5% од гласовите

Илијана Јотова не успеа да ја заврши претседателската трка во Бугарија уште во првиот круг, и покрај тоа што пред изборите важеше за фаворитка. Според финалната излезна анкета на „Маркет ЛИНКС“, таа освоила 32,6 проценти од гласовите, додека Андреј Ѓуров добил 31,5 проценти, а според „Алфа рисрч“ разликата е нешто поголема – 35,3 наспроти 32,4 проценти.

Вториот круг е закажан за 1 ноември, а исходот ќе зависи и од тоа како ќе се распределат гласовите на кандидатите што нема да продолжат во трката. На третото место е националистичкиот кандидат Костадин Костадинов, со поддршка од околу 13 проценти, што го прави неговото гласачко тело важно за вториот круг. Дополнителен фактор е ниската излезност, која според првичните процени е под 25 проценти и медиумите ја опишуваат како рекордно ниска за избори во Бугарија во последните децении.

Јотова е поддржана од партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев и од социјалистите, додека Ѓуров има поддршка од проевропските реформски партии. Двајцата кандидати имаат различни ставови за војната во Украина и односите со Русија.

Јотова која е поддржана од Радев повикува на дипломатско решение и подобрување на односите со Москва, додека Ѓуров се залага за силна поддршка за Украина и поблиска соработка со западните сојузници.

ОЗНАКИ: бугарија