Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) НОВИ САД СЛАВИ СО СТИХОВИ ОД БАЛАШЕВИЌ: Граѓаните ја пееја „Живети слободно“

Голем број граѓани се собраа на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде што ја прославуваа победата на студентската листа на изборите и поразот на Александар Вучиќ. Во текот на прославата, од разгласот беше пуштена песната „Живети слободно“ на познатиот српски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.
Песната стана една од неофицијалните химни на студентското движење на почетокот на протестите пред речиси две години. Таа има посебно значење за студентите поради пораките што ги испраќа за младите и носителите на власта. Снимки од атмосферата на плоштадот беа објавени од српскиот портал 021.rs.
View this post on Instagram
