Македонија

ФИЛИПЧЕ: Падна Орбан, падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

ФИЛИПЧЕ: Падна Орбан, падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се огласи на Фејсбук по изборите во Србија, упатувајќи им честитки на граѓаните за, како што ја нарече, голема и историска победа. „Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, напиша Филипче.

Тој изрази очекување Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. Во пораката до граѓаните на Македонија, Филипче порача дека претстои борба која нема да биде лесна. Според него, таа борба е против, како што ја нарече, „остатокот од оваа криминална балканска група“.