Хроника

ФАТЕН АЛБАНЕЦ ВО НЕГОТИНО: Превезувал осум мигранти од Авганистан, меѓу нив и две малолетни лица

Полицијата приведе 40-годишен државјанин на Албанија кај Неготино, откако во неговиот автомобил пронајде осум мигранти од Авганистан, меѓу нив две малолетни лица.

ФАТЕН АЛБАНЕЦ ВО НЕГОТИНО: Превезувал осум мигранти од Авганистан, меѓу нив и две малолетни лица

На регионалниот пат Демир Капија – Неготино е лишен од слобода 40-годишен државјанин на Албанија, осомничен за криумчарење мигранти. При полициска контрола во неговиот автомобил „Фолксваген туран“ со албански регистарски ознаки биле пронајдени осум мигранти, меѓу кои и две малолетни лица. Случајот бил откриен на 27 октомври, во 12:35 часот, во близина на местото викано „Острово“. Според нивните изјави, пронајдените лица се државјани на Авганистан.

Возачот приведен, мигрантите од Авганистан пренесени во Гевгелија

Возачот, идентификуван како П. М. (40), бил приведен и задржан во Полициската станица во Неготино. Осумте мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.

Ќе следува соодветна постапка

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се документира и дека по целосното утврдување на околностите ќе следува соодветна постапка.