Свет
Дознај прв
69 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ТРАГЕДИЈА ВО ШПАНИЈА: Се проверува кој му дозволил на возот да продолжи
Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија достигна 69. Истрагата проверува зошто воз продолжил и покрај црвениот сигнал и дефектот на системот.

Бројот на загинати во тешката железничка несреќа во Шпанија достигна 69, додека истрагата се фокусира на одлуката да му се дозволи на еден од возовите да продолжи со движењето и покрај проблемите со безбедносниот систем. Според досегашните информации, во несреќата учествувале воз на државната компанија „Ренфе“ и воз на приватниот превозник „Ирио“, кој бил запрен на пругата. Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, изјави дека контролниот центар одобрил продолжување на сообраќајот иако сигнализацијата покажувала црвено светло, а делницата била блокирана.
Безбедносниот систем откажал пред судирот
Според објаснувањето на министерот, проблемот со компјутерскиот систем се појавил околу 8:30 часот, поради што сообраќајот на делница долга околу 63 километри бил прекинат. Само шест минути подоцна била донесена одлука возовите да продолжат, иако системот сè уште не функционирал нормално. Пуенте ја оцени одлуката како необјаснива и посочи дека во такви околности морало да се применат дополнителни безбедносни ограничувања.
Истрагата вп Шпанија треба да утврди кој е одговорен
Надлежните сега проверуваат како била донесена одлуката за продолжување на движењето и дали биле прекршени безбедносните процедури. Според досегашните информации, машиновозачите не биле обвинети за одговорност, а конечните причини за несреќата треба да ги утврди истрагата. Спасувачките служби продолжуваат со работата на местото на судирот, додека бројот на жртви и повредени ја прави трагедијата една од најтешките железнички несреќи во земјата во последните години.
