Македонија
Дознај прв
ЗГОЛЕМЕН ОДЗИВ ВО БРВЕНИЦА: До 13 часот гласале 27,81 отсто од избирачите

Излезноста на вториот круг од локалните избори во Општина Брвеница продолжува да расте. До 13 часот правото на глас го оствариле 4.518 граѓани, односно 27,81 отсто од вкупно запишаните 16.256 избирачи. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во периодот од 11 до 13 часот на гласање излегле дополнителни 2.273 граѓани.
ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА 3,98% ДО 9 ЧАСОТ: Граѓаните гласаат во вториот круг за градоначалник
Претходниот пресек, до 11 часот, покажуваше излезност од 13,82 отсто, односно 2.245 гласови. Споредено со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, излезноста до 13 часот е повисока за 7,31 процентен поен. Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот во ДИК бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да гласа.
Извор: 360 степени
