Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД: Денес локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

Денеска, 3 ноември, облачно со повремени врнежи од дожд, локално над 25 l/m². Во Скопје температура до 12 степени.

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД: Денес локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

Во текот на денешниот ден, 3 ноември, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Температурите ќе се движат од 3 до 14 степени

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 14 степени, зависно од регионот.

Во Скопје облачно со повремен дожд

Во Скопје денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 8 до 12 степени.