Македонија
Дознај прв
ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА: Колoвозите влажни, можна е појава на одрони на неколку делници
Сообраќајот се одвива непречено, но коловозите се влажни. АМСМ предупредува на можни одрони на четири патни делници.

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Посебно внимателно поради можни одрони
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Особено внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Овие делници се посочени како поризични
Предупредувањето посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително внимателни.
