Македонија

БЛОКИРАНИ УШТЕ 104 ВЕБ-СТРАНИЦИ: Вкупно 462 налози за блокирање нелегални онлајн коцкарници

Министерството достави нов налог за блокирање 104 веб-страници за нелегални онлајн игри на среќа. Вкупниот број налози достигна 462.

БЛОКИРАНИ УШТЕ 104 ВЕБ-СТРАНИЦИ: Вкупно 462 налози за блокирање нелегални онлајн коцкарници

Министерството за дигитална трансформација доставило нов налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со новиот налог, вкупниот број налози за блокирање достигна 462. Целта е да се ограничи пристапот до интернет-страниците преку кои се нудат нелегални онлајн игри на среќа.

Операторите треба да го ограничат пристапот

Според Министерството, АЕК има рок од пет дена од добивањето на налогот да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите потоа треба веднаш да постапат и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници. При обид за отворање на блокираните страници, корисниците треба да добијат соодветно известување со образложение за причината за блокирањето.

Апел до родителите за онлајн активностите на децата

Од Министерството упатија и апел до родителите и старателите да посветат дополнително внимание на активностите на децата на интернет. „Ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот“, порачуваат од МДТ.