Македонија
Дознај прв
БИЗНИСМЕНОТ ЗОРАН АЗМАНОВ ПРЕТЕПАН ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ: Нападот го пријавил во полиција

Познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов, директор и претседател на Надзорниот одбор на градежната компанија „Настел“, утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Според информациите објавени од „Скопје1“, инцидентот се случил за време на судско рочиште, но засега не е познато што му претходело на нападот.
Зоран Азманов, особено во текот на владеењето на СДСМ, важеше за еден од луѓето кои беа блиски до експремиерот Зоран Заев. Од Министерството за внатрешни работи го потврдиле случајот и информирале дека нападот бил пријавен во полиција. Според пријавата, 67-годишниот З.А. бил физички нападнат од 61-годишниот Ѓ.С. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема информации дали Азманов се здобил со повреди, ниту кои биле причините за инцидентот.

