Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД НАУТРО: Попладне разведрување, ветерот ќе достигне над 80 километри на час

Денеска се очекуваат утрински врнежи од дожд, а потоа разведрување. Во западните делови ветерот ќе надминува 80 километри на час.

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД НАУТРО: Попладне разведрување, ветерот ќе достигне над 80 километри на час

Променливо облачно време со врнежи од дожд во утринските часови нè очекува денеска, 20 ноември. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста постепено ќе се намалува. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер, а на места во западните делови повремено ќе биде силен ветер од западен и северозападен правец, со брзина над 80 километри на час.

Какво време нè очекува во Скопје?

Во Скопје утринските часови ќе поминат со услови за врнежи од дожд, по што се очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите во земјава

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 22 степени, зависно од регионот.

ОЗНАКИ: ВРЕМЕ
Жан Митрев