Свет
Дознај прв
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ РОМАНСКИ ГОЛГЕТЕР ДУДУ ГЕОРГЕСКУ: Двократниот освојувач на „Златната копачка“ имаше 76 години
Романскиот голгетер Дуду Георгеску имаше 76 години. Медиумите ја поврзуваат неговата смрт со случај на убиство во Торонто, но нема официјална потврда за идентитетот.

Романскиот фудбал го потресе веста за смртта на Дуду Георгеску, еден од најголемите голгетери во историјата на романскиот фудбал. Поранешниот напаѓач имал 76 години, а според медиумските информации бил пронајден мртов во својот стан во Торонто, Канада. Сепак, околностите за неговата смрт сè уште не се целосно разјаснети, бидејќи засега нема официјална потврда дека жртвата од полицискиот случај во Торонто е токму Георгеску.
Се истражува сомнеж за убиство во Торонто
Канадската полиција соопштила дека во стан во Торонто бил пронајден избоден до смрт возрасен маж, а како осомничена се споменува жена на околу 60 години. Медиумите ја поврзаа оваа информација со смртта на поранешниот фудбалер, но идентитетот на жртвата засега не е официјално потврден.
Дуду – Рекордер по голови во романскиот фудбал
Георгеску остави огромен белег во фудбалот, со 252 гола во романската лига, додека за Динамо Букурешт постигна 207 погодоци на 260 натпревари. Двапати ја освои европската „Златна копачка“, во 1975 и 1977 година, а во сезоната 1976/77 постигна неверојатни 47 гола. Овој учинок подоцна го надмина Лионел Меси, кој во сезоната 2011/12 постигна 50 погодоци. Животот на Георгеску го одбележале и тешки лични моменти – во 2014 година бил иселен од станот во Букурешт во кој живеел од 1976 година, по што се преселил во Канада.

