Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) СООБРАЌАЈКА ВО АВТОКОМАНДА: Се судрија возило и мотоцикл на доставувач на храна

Сообраќајна незгода вечерва се случи во скопската населба Автокоманда, на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16-та Македонска бригада“. Во незгодата учествувале патничко возило и мотоцикл управуван од доставувач на храна. На местото на настанот се присутни полициски екипи кои вршат увид. Се утврдуваат околностите под кои дошло до судирот. Засега нема информации дали има повредени лица. Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.
View this post on Instagram

