Македонија
Дознај прв
(ФОТО) ХУМАНАТА СТРАНА НА ФЕЈСБУК ГРУПИТЕ: Член на „Машки домаќински муабети“ подарува PlayStation 4 на дете од загрозено семејство

Убав пример за хуманост и солидарност доаѓа од затворената Фејсбук-група „Машки домаќински муабети“, каде што членот Сарашов Марјан објави дека сака да подари PlayStation 4 на дете од загрозено семејство. Тој наведува дека конзолата веќе не ја користи во Македонија и дека, иако е стара и малку одмината, сака да ја израдува некое дете за новогодишните празници. Марјан побара од членовите на групата да му посочат семејство на кое му е потребен ваков подарок, без разлика од кој град е. Дополнително, тој истакнува дека лично ќе ги покрие трошоците за транспорт и карго. Како што пишува во објавата, единствено му е важно подарокот да заврши кај дете на кое навистина му е потребен и да му донесе среќа. Ова е уште еден пример дека и на социјалните мрежи можат да се родат убави и хумани иницијативи. Нашиот краток редакциски коментар би бил: Секоја чест Марјан!
View this post on Instagram

