Регион
Дознај прв
ХРВАТСКА САКА И ХРВАТИТЕ ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ: Јандроковиќ најави дека тоа е нивен интерес
Гордан Јандроковиќ порача дека Хрватска сака хрватското малцинство да добие уставен статус во Македонија кога ќе се создадат услови.

ватска сака и хрватското малцинство во Македонија да добие официјален статус и да биде внесено во Уставот кога ќе се создадат услови, порача претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ. Изјавата доаѓа по средбата со претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Загреб, на која се разговарало за европскиот пат на Македонија и уставните измени. Гаши истакна дека земјата е подготвена да ги внесе Бугарите во Уставот, но очекува гаранции дека тоа ќе биде последното барање поврзано со идентитетски прашања на патот кон Европската Унија.
Гаши бара гаранции за да нема нови блокади од Јандроковиќ
Според Гаши, во Македонија постои консензус за уставните измени, но потребни се предвидливост и гаранции дека нема да следуваат нови билатерални блокади. Јандроковиќ, пак, го оцени досегашниот пат на Македонија кон ЕУ како тежок, исполнет со неправди и двојни стандарди, изразувајќи надеж дека земјата ќе продолжи кон членство врз основа на исполнетите критериуми.
Македонија заинтересирана за иницијативата „Три мориња“
На средбата била отворена и темата за регионалната соработка, при што Гаши најави дека Македонија има интерес да се приклучи на иницијативата „Три мориња“. Според него, за оваа намера земјата добила поддршка од Хрватска.

