Регион

МЛАДИТЕ ВО ХРВАТСКА ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК: Бараат поевтини кирии, подобри услови за живот и укинување на воениот рок

Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија бојкот на наставата на 20 ноември. Бараат достапни станови, подобар животен стандард и укинување на воениот рок.

МЛАДИТЕ ВО ХРВАТСКА ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК: Бараат поевтини кирии, подобри услови за живот и укинување на воениот рок

Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија целодневен бојкот на наставата на 20 ноември, со цел да го свртат вниманието кон проблемите со кои се соочуваат младите. Под слоганот „Младите сакаат иднина во Хрватска, овозможете ни ја!“, иницијативата „Штрајк младих“ организира протестни активности во Загреб, Риека, Пула, Задар и Осиек. Меѓу главните барања се подостапни станови, пониски трошоци за живот и подобри услови во образованието и јавните услуги. Организаторите сметаат дека младите треба да имаат можност да живеат и да ја градат својата иднина во Хрватска, наместо да бидат принудени да ја напуштат земјата.

Бараат заштита за студентите и поевтино домување

Едно од конкретните барања е законски да им се забрани на сопствениците предвремено да ги раскинуваат договорите за наем со студентите поради почетокот на туристичката сезона. Се бараат и бесплатна правна помош, повеќе места во студентските домови и поттикнување на долгорочното изнајмување станови. Младите бараат и поквалитетни студентски оброци, подобри јавни услуги, како и пристојни плати за наставниот и ненаставниот кадар.

Против задолжителниот воен рок и милитаризацијата

Штрајкот е дел од меѓународната иницијатива „International Youth Strike“, која на 20 ноември најавува активности во 25 европски земји под слоганот „За нашата иднина, не за нивните војни“. Хрватските организатори бараат укинување на задолжителниот воен рок и прекин на промовирањето на војската во образовните установи. Според нив, државата треба повеќе да инвестира во образованието и подобрувањето на животниот стандард на младите, наместо во превооружување. Во своите пораки тие се повикуваат и на студентското движење во Србија, посочувајќи го како пример за можноста младите преку организирано дејствување да поттикнат општествени промени.

ОЗНАКИ: Хрватска
Жан Митрев