Македонија

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА ОХРИЃАНКА СО ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Насилникот (кој веќе е на слобода) побарал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА ОХРИЃАНКА СО ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Насилникот (кој веќе е на слобода) побарал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија

Мајката на девојката која беше брутално претепана од своето момче во Охрид и оставена пред маркет, се огласи со потресно сведоштво за нападот. Таа тврди дека 28-годишниот осомничен, додека нејзината ќерка Сара била во бессознание, мислел дека е мртва и побарал помош од својот татко како да се ослободи од нејзиното тело. Според нејзината објава, во разговорот се споменувало и фрлање на девојката во провалија. Мајката тврди дека осомничениот побарал нож за да ја „докрајчи“, а телефонот на девојката бил намерно искршен за да не може да повика помош. Таа наведува и дека лица од неговото опкружување одбивале да ја однесат девојката во болница, иако барала помош.

(НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНИОТ НАПАД ВО ОХРИД) ЈА ПРЕТЕПАЛ ДО ОНЕСВЕСТУВАЊЕ: Го молела да застане и да не вози лудо, тој одбивал и ѝ го скршил телефонот

Дополнително, изразува сомнеж дека негови блиски се обиделе да влијаат врз медицинскиот извештај за повредите. Мајката е особено загрижена за безбедноста на ќерка си, која сè уште е во болница, откако осомничениот, според објавата, бил пуштен на слобода.

Прочитајте ја целосно нејзината објава.

Жан Митрев