Дознај прв
(ФОТО) ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ВО ФОРМА НА 57 ГОДИНИ
Џенифер Лопез објави фотографии по тренингот, откри дека сака колачиња и млеко, а го најави и концертниот филм од Лас Вегас.

Џенифер Лопез повторно привлече внимание на социјалните мрежи откако објави фотографии по тренингот на својот Инстаграм-профил. Пејачката позираше во кафеаво боди со длабоко деколте, покажувајќи ја својата фигура, но откри и како сака да се награди по напорното вежбање – со колачиња и млеко. „Тренирај и јади колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите, по што следуваа бројни комплименти од следбениците. Дел од нив ја нарекоа прекрасна жена, совршенство и инспирација.
View this post on Instagram
Лопез го најави концертниот филм од Лас Вегас
Лопез неодамна го претстави и новиот проект „The JLO Show: Live in Las Vegas“, концертен филм кој ги прикажува најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е најавена за 26 ноември, на Денот на благодарноста, на телевизиската мрежа CBS и стриминг-платформата Paramount+. Таа истакна дека преку шоуто сака да раскаже кратка приказна и да им оддаде почит на забавувачите кои пред неа настапувале на истата сцена.
View this post on Instagram
Вежбала и по 13 часа дневно
Последната серија концерти во Лас Вегас ја одржа во март, а подготовките, според извор цитиран од „Daily Mail“, биле исклучително напорни. Во танцово студио во Северен Холивуд, наводно, заедно со танчерите ги вежбала кореографиите и до 13 часа дневно. Целта ѝ била на публиката да ѝ приреди што е можно подобро шоу, а во пресрет на премиерата им порача на гледачите да продолжат да танцуваат, без оглед на животните предизвици.

