Регион

ТРАГЕДИЈАТА ВО ЗАГРЕБСКАТА БОЛНИЦА ДОБИВА ЕПИЛОГ: Четворица уапсени, тројца отпуштени, стотина вработени на протест

По смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во загрепска психијатриска болница, четворица се уапсени, тројца добиле отказ, а вработените протестираат.

ТРАГЕДИЈАТА ВО ЗАГРЕБСКАТА БОЛНИЦА ДОБИВА ЕПИЛОГ: Четворица уапсени, тројца отпуштени, стотина вработени на протест

По смртта на 32-годишниот спортист Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб, следуваат сериозни последици и реакции. Четворица медицински техничари се уапсени под сомнение за неговата смрт, тројца вработени добиле вонредни откази, а околу стотина вработени излегоа на протест. Случајот предизвика реакции и кај семејството на починатиот, раководството на болницата, синдикатите и Министерството за здравство.

Синдикатите со протест по отказите

Вработените протестирале по апсењето на нивните колеги, а синдикатите побарале осомничените да не бидат однапред осудувани пред завршувањето на истрагата и објавувањето на конечните обдукциски резултати. Тие сметаат дека вонредните откази се незаконски и бараат подобри безбедносни услови во болницата, вклучително и ангажирање дополнително обезбедување. Директорката Мајда Грах потврдила дека тројца вработени добиле откази врз основа на утврдените околности и законските обврски.

Семејството доставило медицинска документација

Адвокатот на семејството за хрватски РТЛ изјавил дека располагаат со медицинска документација за која тврди дека покажува оти Периш не манифестирал агресивно однесување. Случајот го следи и Министерството за здравство, а министерката Ирена Хрстиќ потврдила дека е постапено по пријавата на адвокатот и дека здравствената инспекција ги презема потребните активности. Истрагата продолжува, а надлежните треба да ги утврдат точните околности на смртта и евентуалната кривична одговорност.

Жан Митрев