Регион

ДРАМА ВО ВОЗДУХ НАД СПЛИТ: „Боинг 737“ прогласи вонредна состојба,171 патник и членови на екипажот се добро

Боинг 737 на Jet2 со 165 патници и шест членови на екипажот прогласи вонредна состојба над Сплит поради технички проблеми. Сите се добро.

ДРАМА ВО ВОЗДУХ НАД СПЛИТ: „Боинг 737“ прогласи вонредна состојба,171 патник и членови на екипажот се добро

Авион „Боинг 737-800“ на авиокомпанијата „Jet2“ прогласил општа вонредна состојба за време на летот LS1750 и бил пренасочен кон аеродромот во Сплит поради технички проблеми. Во авионот имало 165 патници и шест членови на екипажот, а според информациите од аеродромот, сите се добро. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700, со кој се известува контролата на летање дека авионот е во вонредна состојба. Аеродромот „Свети Јероним“ во 14:20 часот добил известување за итно слетување и веднаш ги активирал сите служби за вонредни ситуации.

Авионот кружел над морето пред да се упати кон Сплит

Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Според објавените податоци, „Боингот“ направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на височина од околу 700 метри, со брзина од приближно 306 километри на час. Наместо да продолжи кон Обединетото Кралство, авионот ја сменил дестинацијата и се упатил кон сплитскиот аеродром.

Активирана целосна тревога, сообраќајот продолжил нормално

Кодот 7700 претставува меѓународен сигнал за општа вонредна состојба и му овозможува на авионот приоритетно внимание од контролата на летање. Неговото активирање не значи нужно дека постои непосредна опасност од пад, а точната природа на техничкиот проблем засега не е соопштена. Целосната тревога на аеродромот завршила во 14:42 часот, само 22 минути по првичното известување. По завршувањето на интервенцијата, воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит продолжил нормално.