Економија
Дознај прв
ДЕМАНТ И ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЗОРАН ВИТАНОВ

Демант и јавно извинување од нашата редакција до господинот Зоран Витанов за објавениот текст кој го предозвме од друг медиум во кој беа изнесени информации поврзани со неговиот наводен деловен ангажман и преземањето на три компании.
По дополнителна проверка, утврдивме дека објавените информации не се точни и дека не требало да бидат објавени во таква форма. Со ова јавно ги демантираме претходно објавените наводи и се оградуваме од нивната содржина.
Жалиме што со објавувањето на неточните информации предизвикавме непријатност и потенцијална штета на личниот и професионалниот углед на господинот Витанов.
Упатуваме искрено извинување до Зоран Витанов и до јавноста за објавената неточна информација. Како редакција, ја преземаме одговорноста за пропустот и ќе посветиме дополнително внимание на проверката на информациите пред нивното објавување.
Редакција на 24chasa.mk.

