Регион

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈАТА ВО БУГАРИЈА ОД ПТИЧЈА ПЕРСПЕКТИВА: Над 50 возила се судрија на автопатот „Тракија“, засега најмалку 12 загинати

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈАТА ВО БУГАРИЈА ОД ПТИЧЈА ПЕРСПЕКТИВА: Над 50 возила се судрија на автопатот „Тракија“, засега најмалку 12 загинати

Снимки од дрон ги откриваат огромните размери на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија. Во масовниот верижен судир учествувале повеќе од 50 возила, меѓу кои автомобили и камиони. Според објавените информации, најмалку 12 лица загинале, а десетици се повредени.

Снимките од воздух ја покажуваат големината на несреќата и уништените возила распоредени по автопатот. Станува збор за една од најтешките сообраќајни катастрофи во историјата на Бугарија.

Автопатот Тракија е затворен во двата правци.

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА: Најмалку 11 загинати и 48 повредени во верижни судири со над 70 возила на автопатот „Тракија“

Жан Митрев