Магазин

ПРОБЛЕМИ СО „ФЕЈСБУК“: Голем број корисници не можат да се најават на своите профили

Голем број корисници пријавуваат дека не можат да се најават на Фејсбук поради привремен технички проблем, особено преку веб-верзијата.

ПРОБЛЕМИ СО „ФЕЈСБУК“: Голем број корисници не можат да се најават на своите профили

Голем број корисници денеска пријавуваат проблеми со пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, а дел од нив воопшто не можат да се најават на своите профили.

При обидот за најава, на корисниците им се појавува известување дека нивниот профил е привремено недостапен поради проблем со страницата и дека треба повторно да се обидат по неколку минути.

Најмногу проблеми со веб-верзијата

Според податоците објавени од платформата „Даундетектор“, забележан е нагол пораст на пријавите за проблеми со функционирањето на „Фејсбук“.

Околу 32 проценти од пријавите се однесуваат на веб-страницата, 26 проценти на најавувањето, додека 22 проценти од корисниците имаат проблеми со почетната страница и прегледувањето на содржините.

Норвешкиот медиум „ВГ“ објави дека проблемот особено ги погодува корисниците кои пристапуваат преку компјутер, додека мобилната апликација кај дел од корисниците продолжува да функционира.

Корисниците реагираат на другите мрежи

На социјалната мрежа „Икс“ се објавуваат голем број реакции и фотографии од пораката за грешка, придружени со ознаката „#FacebookDown“.

Засега не е соопштено што точно го предизвикало техничкиот проблем, ниту кога пристапот до платформата целосно ќе биде нормализиран.

Жан Митрев