Македонија

(ВИДЕО) ПРОКИСНА КРОВОТ: Вода навлезе во Скопскиот аеродром по силното невреме

Поројниот дожд што попладнево го зафати Скопје предизвика поплава на Меѓународниот аеродром, каде што вода навлезе во просториите за патници.

(ВИДЕО) ПРОКИСНА КРОВОТ: Вода навлезе во Скопскиот аеродром по силното невреме

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми и на Меѓународниот аеродром Скопје. По поројниот дожд, вода навлезе во дел од пристапните и внатрешните простории на аеродромот. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележат поплавени површини во делот каде што се движат патниците.

Водата навлезе во просториите за патници

Големото количество дожд за кратко време ги поплавило влезните делови на аеродромскиот објект. Присутните внимателно се движеле низ просториите и се обидувале да ги избегнат деловите покриени со вода. Засега нема официјални информации дали поплавувањето предизвикало доцнење или откажување на летови.

Големи штети низ Скопје

Невремето беше проследено и со исклучително силен ветер, кој откорна дрвја, оштети покриви и предизвика сообраќајни проблеми во повеќе скопски населби. Екипите на надлежните служби интервенираат на повеќе локации низ градот, каде што се пријавени значителни материјални штети.