Хроника

ДВАЈЦА 16-ГОДИШНИЦИ ФАТЕНИ СО ДРОГА ВО ТЕТОВО: Полицијата открила импровизирана работилница за пакување

Полицијата во Тетово открила импровизирана работилница за пакување дрога, каде биле затекнати 19-годишник и двајца 16-годишни малолетници.

ДВАЈЦА 16-ГОДИШНИЦИ ФАТЕНИ СО ДРОГА ВО ТЕТОВО: Полицијата открила импровизирана работилница за пакување

Претрес со „Тигар“ и службени кучиња

Полициски службеници од СВР Тетово, во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, врз основа на судска наредба. Во објектот, кој бил користен од 36-годишен маж, биле затекнати 19-годишник и двајца 16-годишни малолетници. Кај 19-годишникот и кај еден од малолетниците биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Во работилницата дополнително биле пронајдени кутии со бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Сите затекнати лица биле лишени од слобода.

Ќе следуваат соодветни пријави

Претресот бил извршен во периодот од 22:30 до 01:30 часот во ноќта меѓу 21 и 22 август, а полициската акција била спроведена со поддршка на специјалната единица и службени кучиња. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Случајот доаѓа во период кога надлежните посветуваат зголемено внимание на присуството на дрога меѓу малолетници во Тетово. Полицијата претходно информираше дека минатата година во шест наврати била откриена дрога во основни и средни училишта во градот.

ОЗНАКИ: ТЕТОВО