Македонија
Дознај прв
Кражба како од филм во Виена: Украден ѓердан на египетска кралица со 673 дијаманти
Филмски грабеж во музеј во Виена – украден е платинест ѓердан со 673 дијаманти, некогаш во сопственост на египетското кралско семејство.

Двајца крадци во четвртокот влегле како обични посетители во музеј во Виена, каде што била поставена изложбата „Ремек-дела“, а потоа ја скршиле витрината и го украле вредниот накит.
Ѓердан со неверојатна историја
Украдениот ѓердан е изработен од платина и украсен со дури 673 дијаманти, со вкупна тежина од околу 200 карати. Накитот бил направен за египетското кралско семејство, а кралицата Назли го носела во 1939 година на свадбата на нејзината ќерка Фавзија со иранскиот престолонаследник Мохамед Реза Пахлави.
Продаден во Виена за 4,3 милиони долари
Ѓерданот со децении се сметал за исчезнат, сè додека не се појавил на аукција на „Сотби“ во 2015 година, кога бил продаден за 4,3 милиони долари. По грабежот, двајцата осомничени побегнале, а полицијата ја проширила потрагата и ги прегледува снимките од безбедносните камери од околината. Полицијата објавила и опис на осомничените – двајца мажи високи меѓу 170 и 175 сантиметри, со витка градба, темна коса и брада, облечени во црно. Во инцидентот нема повредени, а музејот продолжува со работа, освен делот од изложбата каде што се случила кражбата.
