Спорт

(ВИДЕО) ХРГОВИЌ СО ИСТОРИСКИОТ ТРИУМФ – СВЕТСКИ ПРВАК ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА

Филип Хрговиќ го нокаутира Мозес Итаума во деветтата рунда, ја освои светската титула и испрати самоуверена порака по историскиот триумф.

(ВИДЕО) ХРГОВИЌ СО ИСТОРИСКИОТ ТРИУМФ – СВЕТСКИ ПРВАК ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА

Филип Хрговиќ ја прослави најголемата победа во својата кариера, откако со нокаут во деветтата рунда го совлада Мозес Итаума и ја освои светската титула во тешка категорија на ИБФ. Хрватскиот боксер по борбата не го криеше задоволството, а на прес-конференцијата испрати и самоуверена порака до Британците. „Хрватска моќ! Секогаш ги уништуваме вашите соништа! Во фудбалот, боксот…“, порача Хрговиќ.

Хрговиќ сака нова голема борба

Новиот светски шампион веднаш откри дека сака следната борба да биде против Даниел Дубоа, а успехот против Итаума го опиша како остварување на 20-годишен сон. Тој призна дека противникот бил многу брз и подобар отколку што очекувал, но сметал дека Итаума премногу се трошел и дека со текот на борбата ќе се измори.

Од размислување за пензија до светски шампион

Хрговиќ откри дека по поразот од Дубоа сериозно размислувал да стави крај на кариерата, бидејќи по 18 години во боксот бил заситен и сакал неговата ќерка да биде горда на него. Сепак, продолжил да се бори, а сега го оствари својот најголем сон и стана светски шампион. Со победата во Лондон тој оствари и огромна финансиска заработка, бидејќи според британските медиуми основниот дел од наградниот фонд за него изнесува најмалку околу 820.000 евра, со можност сумата да биде и поголема со дополнителни бонуси.