Регион

ТРОЈНО УБИСТВО ВО ЦРНА ГОРА: Руски државјанин усмртил три лица, па си пресудил по 12-часовна потера

Тројца мажи се убиени во Даниловград, а осомничениот руски државјанин по 12-часовна потера бил лоциран во Херцег Нови и си пресудил.

ТРОЈНО УБИСТВО ВО ЦРНА ГОРА: Руски државјанин усмртил три лица, па си пресудил по 12-часовна потера

Тројца луѓе беа убиени во Даниловград, Црна Гора, во крвав инцидент кој предизвика голема полициска акција. Жртвите биле пронајдени на стрелиштето „Чешка збројовка“, а станува збор за тројца мажи на возраст од 20, 24 и 67 години. Според досегашните информации, осомничен за тројното убиство е 30-годишен руски државјанин, кој по нападот побегнал од местото. Тој наводно украл оружје и муниција, а потоа со возило и такси се упатил кон Херцег Нови. По речиси 12-часовна потрага, полицијата го лоцирала во шумска област над населбата Топла. Осомничениот отворил оган кон полицајците, а потоа извршил самоубиство со огнено оружје.

Драматична потера низ Црна Гора

За време на потрагата полицијата апелирала до граѓаните да останат во своите домови бидејќи осомничениот бил вооружен и опасен. Биле преземени големи безбедносни мерки, а биле блокирани и одредени патишта, гранични премини и други точки.

Полицијата го лоцирала во Херцег Нови

Осомничениот бил пронајден околу 3:35 часот во шумата над Топла, каде што специјалните полициски единици го опколиле. Откако отворил оган кон полицајците, самиот си го одзел животот, со што завршила повеќечасовната потрага.