Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „СТОЕВМЕ ВО МЕСТО 30 МИНУТИ“: Почна школската година, почнаа и гужвите во Скопје
Почна школската година, а со неа и сообраќајните гужви во Скопје. На „Свети Кирил и Методиј“ возачите чекале во место околу 30 минути.

Почна школската година, почнаа и гужвите во Скопје… Денеска започна новата школска година, а со неа повторно се вратија и гужвите по скопските улици. На булеварот „Свети Кирил и Методиј“, кај Дајмонд мол во центарот на Скопје, околу 15 часот возачите чекале во место околу 30 минути. За состојбата сведочат и граѓани кои денеска се движеле по оваа делница. Гужвите се очекувани со почетокот на учебната година и зголемениот број возила во градот. Инаку, под Дајмонд мол се гради и подземен булевар. Проектот се очекува да биде завршен за околу година и пол, со што треба да се растерети сообраќајот барем по овој дел од градот.
View this post on Instagram
