Свет

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ЕРУПЦИЈА ВО ИНДОНЕЗИЈА: Синабунг исфрли пепел на 3.500 метри, властите го кренаа степенот на опасност

Вулканот Синабунг во Индонезија еруптираше и исфрли густ столб пепел висок 3.500 метри. Властите го зголемија нивото на опасност.

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ЕРУПЦИЈА ВО ИНДОНЕЗИЈА: Синабунг исфрли пепел на 3.500 метри, властите го кренаа степенот на опасност

Вулканот Синабунг во областа Каро, Северна Суматра, Индонезија, повторно еруптираше, исфрлајќи густ столб црн вулкански пепел на околу 3.500 метри над врвот. Ерупцијата се случила на 31 август околу 10:17 часот по локално време, а активноста продолжила и во наредните часови.

Пепелот се движи кон исток и југоисток

Според вулканолозите, столбот бил со густа црна пепел и се движел кон источните и југоисточните делови на регионот. По ерупцијата, индонезиските власти го зголемиле нивото на опасност од второ на трето ниво, односно „Siaga“ – предупредување за зголемена вулканска активност.

Предупредување за можна посилна ерупција

Надлежните предупредуваат дека актуелната ерупција можеби не го ослободила целиот притисок во вулканот, поради што не е исклучена можноста за дополнителна и посилна активност. На населението и туристите им е забрането приближување до опасните зони околу вулканот, а властите започнаа и активности за евакуација на жители од најризичните подрачја. Ерупцијата предизвика и проблеми со вулканска пепел во околните населени места, додека денеска беа откажани 21 лет од и кон аеродромот Куаланаму.