Македонија
Дознај прв
УШТЕ ЧЕТИРИ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Еве кога ќе одмораме
По 8 Септември до крајот на 2026 година има уште четири неработни денови. Проверете ги датумите и можностите за продолжен викенд.

До крајот на 2026 година граѓаните ги очекуваат уште четири неработни денови, а дел од нив носат можност и за продолжен викенд. Најдоброто спојување е околу 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се паѓа во вторник. Со земање слободен ден во понеделник, 7 септември, се добиваат дури четири слободни денови во низа, од сабота 5 септември до вторник 8 септември.
Октомври со два неработни денови и два продолжени викенда
По 8 Септември, следен неработен ден е 12 октомври (понеделник), кога се одбележува Денот на народното востание, бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела. Само десетина дена подоцна, на 23 октомври (петок), ќе се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што значи уште еден продолжен викенд од три дена.
Последниот неработен ден е во декември
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември (вторник), кога се празнува „Св. Климент Охридски“. За граѓаните од католичка вероисповед, неработни се и 1 ноември и 25 декември. Така, календарот до крајот на годината нуди неколку можности за краток одмор, а особено поволен е октомври со два продолжени викенда.
