Македонија
Дознај прв
ТРГНА ГРАДСКИОТ ВОЗ: Зелениково – Скопје за помалку од 25 минути
Градскиот воз официјално стартува со линијата Зелениково–Скопје, со патување од неполни 25 минути и билети од 40 денари.

Проектот „Градски воз“ денеска официјално беше промовиран со симболично патување на првата линија од Зелениково до новата железничка станица во Скопје. Проектот треба да биде целосно заокружен до почетокот на 2028 година.
Брзо патување до центарот на Скопје
На релацијата Зелениково–Скопје, која е во должина од околу 25 километри, патувањето трае неполни 25 минути. Железничката мрежа е реконструирана, а возовите достигнуваат брзина од 80 километри на час, а на одредени делници и до 100 километри на час.
Цени и нови линии
Билетот во еден правец чини 40 денари, повратниот билет е 70 денари, додека месечната карта чини 1.040 денари. Во тек е и проектирањето на уште две линии – од Волково преку Ѓорче Петров и Скопје Север до железничката станица, како и линијата од Миладиновци, преку Илинден и Маџари, до Скопје.
До 2028 година целосна мрежа
Проектирањето на другите две линии треба да заврши до октомври, по што до крајот на годинава се очекува да започнат градежните активности. Според планираното, двете линии треба да бидат ставени во функција до почетокот на 2028 година.
