Македонија

ДУИ СО ЖЕСТОКА КРИТИКА: „Албанците секаде се исклучени, ВЛЕН молчи“

ДУИ ја обвинува Владата за исклучување на Албанците од државните настани и награди, а ВЛЕН го критикува поради молк.

ДУИ СО ЖЕСТОКА КРИТИКА: „Албанците секаде се исклучени, ВЛЕН молчи“

ДУИ денеска излезе со остри критики кон Владата, обвинувајќи ја дека Албанците се исклучуваат од државните настани, спортот, културата и институциите. Од партијата велат дека на одбележувањето на 35-годишнината од независноста албанскиот јазик бил целосно игнориран. ДУИ реагира и на државните награди „8 Септември“, посочувајќи дека меѓу годинашните добитници немало ниту еден Албанец. Според нив, ниту еден спортист, тренер или друго албанско име не било наградено.

ДУИ: Ова не е случајност, туку политика

Од ДУИ тврдат дека станува збор за политика на исклучување и дека Албанците се признаваат само кога треба да ја претставуваат државата и да освојуваат медали. Партијата посебно го критикува коалицискиот партнер ВЛЕН, обвинувајќи го дека молчи и не реагира на ваквите случаи.

„Каде е ВЛЕН?“

„Каде е ВЛЕН? Каде се вицепремиерите? Каде се министрите? Каде се ветувањата за правична и соодветна застапеност?“, прашуваат од ДУИ. Од партијата додаваат дека Албанците не се невидливи, туку дека невидливи стануваат оние кои, како што велат, наводно ги претставуваат.

ОЗНАКИ: влен ДУИ