Хроника

(ВИДЕО) КРВАВА НОЌ ВО ДУЌАНЏИК: Двајца на мотор пукале кон група, убиен 26-годишен скопјанец

(ВИДЕО) КРВАВА НОЌ ВО ДУЌАНЏИК: Двајца на мотор пукале кон група, убиен 26-годишен скопјанец

Крвава ноќ во Дуќанџик

Крвав инцидент се случил синоќа во скопската населба Дуќанџик, при што 26-годишен скопјанец го загубил животот. Според пријавата во СВР Скопје, околу 23:30 часот поголема група лица стоела пред излог на фирма во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Дуќанџик.

Лица од мотор пукале кон група

Во еден момент пристигнал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што избегале од местото. Еден од истрелите го погодил А.М. (26) од Скопје. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на лицата кои пукале. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а надлежните работат на целосно расчистување на околностите.

Погледнете повеќе од видеото каде се гледа краток инсерт од целата крвава ноќ во Дуќанџик: