Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Стотици планинари денеска се искачувија на Голем Кораб
Стотици планинари се искачија на Голем Кораб, висок 2.764 метри, во рамки на традиционалното искачување по повод 8 Септември.

Традиционалното искачување на Голем Кораб, висок 2.764 метри, и годинава собра стотици планинари по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Највисокиот врв во земјава повторно беше место на голема планинарска дружба, во која учествуваа љубители на планината од Македонија и странство. Годинава се одржа 35. традиционално искачување, организирано во соработка со планинарски клубови и Федерацијата за планинарство на Македонија.
ПРЕДИЗВИК ДО ВРВОТ НА 2.764 МЕТРИ
Учесниците се движеа по организирана колона по нормалната планинарска рута, со почетна точка кај караулата. Искачувањето претставува сериозен физички предизвик, но и можност за дружење и уживање во природата на Корабскиот масив. Од врвот се протега впечатлив панорамски поглед кон околните планини и Националниот парк „Маврово“.
КОРАБ КАКО СИМБОЛ НА НЕЗАВИСНОСТА
Традицијата на искачување на Кораб по повод Денот на независноста се одржува секоја година и прерасна во едно од најмасовните планинарски собирања во земјава. Со искачувањето, планинарите на свој начин го одбележуваат 8 Септември и 35-годишнината од независноста на Македонија.
View this post on Instagram

