Македонија

(ВИДЕО) ДОЖДОТ НЕ ГИ СПРЕЧИ ТЕТОВЧАНИ: Каролина со концерт во Тетово за 35 години независност

И покрај дождот, голем број граѓани се собраа во Тетово на концертот на Каролина по повод 35 години независност на Македонија.

(ВИДЕО) ДОЖДОТ НЕ ГИ СПРЕЧИ ТЕТОВЧАНИ: Каролина со концерт во Тетово за 35 години независност

Стотици граѓани се собраа на градскиот плоштад во Тетово

И покрај дождот, голем број граѓани вечерва се собраа на градскиот плоштад во Тетово, каде се одржува концертот на Каролина по повод 35 години независност на Македонија. Публиката во голем број пристигна да ужива во настапот на една од најпознатите македонски музички ѕвезди. Дождливото време не ја намали атмосферата, а граѓаните со чадори и во добро расположение ја следат концертната програма. Настанот е дел од големата „маратонска“ прослава по повод 35 години од независноста на државата. Тетово вечерва е еден од градовите каде што прославата се одбележува со музичка програма и бројна публика. Каролина пред тетовската публика ги изведува своите најпознати хитови, создавајќи празнична атмосфера и покрај временските услови. Прославата продолжува со музика и дружење на градскиот плоштад.