Македонија

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВИСТИНСКА ЗЕЛЕНА ОАЗА ВО АЕРОДРОМ: Локални жители сами го уредиле просторот околу зградата

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВИСТИНСКА ЗЕЛЕНА ОАЗА ВО АЕРОДРОМ: Локални жители сами го уредиле просторот околу зградата

Вистинска зелена оаза во Аеродром

Жителите од улицата „Владимир Комаров“ број 40 во Општина Аеродром сами се погрижиле за уредувањето на просторот околу нивната зграда. Со хортикултурно средено зеленило, цвеќиња и уреден простор, местото добило сосема поинаков изглед. Во просторот е поставен и летниковец, кој дополнително придонесува за создавање пријатно место за жителите. Фотографии од уредениот простор беа објавени во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.

Локалните жители сами се грижат

Во објавата се посочува дека станарите сами се грижат за околината и создале вистинска зелена оаза во Аеродром. Овој пример покажува како со заедничка иницијатива и грижа за соседството може да се разубави просторот во кој секојдневно живеат граѓаните.