Македонија
Дознај прв
НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Две лица приведени за сомнеж за проневера од 1,3 милиони евра
Две лица се приведени во нова акција во Државна лотарија поради сомнежи за проневера на околу 80 милиони денари, односно 1,3 милиони евра.

Приведена поранешна раководителка на финансии
Две лица се приведени во нова акција поврзана со сомнежи за финансиски злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Според информациите на „Плусинфо“, Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, постапува во случај во кој се истражува проневера на околу 80 милиони денари, односно приближно 1,3 милиони евра, пренесе plusinfo.mk.
Сомнежите се однесуваат на 80 милиони денари
Меѓу приведените е и поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице. Надлежните истражуваат сомнежи поврзани со финансиското работење на институцијата и начинот на кој биле изнесени средствата.
Акцијата е во тек
Според објавените информации, сомнежите се однесуваат на периодот додека со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами. Акцијата сè уште трае, а се очекуваат повеќе детали од надлежните институции за евентуалните други лица опфатени со истрагата и за дејствијата што им се ставаат на товар на приведените.
