Македонија

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТО: Еве што се договориле

Африм Гаши ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието, советодавно и консултативно тело.

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТО: Еве што се договориле

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со поранешните претседатели на Собранието Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. На третата средба со поранешните собраниски претседатели, Гаши ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Станува збор за неформално советодавно и консултативно тело чија цел е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието. Советот треба да придонесе и за унапредување на парламентарната практика и демократијата, како и да дава стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието.

Поранешните претседатели ќе даваат совети

За идејата за формирање на Советот поранешните претседатели биле информирани на претходните две средби, одржани во октомври 2025 и април 2026 година. На денешната средба биле разменети мислења и за процедурални прашања, дигитализацијата на работата на Собранието и идејата за формирање Библиотека на Собранието.

Целта е поголем институционален континуитет

Од Собранието посочуваат дека новото тело треба да овозможи користење на искуството и знаењето на поранешните собраниски претседатели. Советот ќе има советодавна улога и ќе разгледува прашања поврзани со работата на законодавниот дом и прашања од поширок интерес за државата.

ОЗНАКИ: африм гаши