Хроника
Дознај прв
ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БОЈКОВСКИ: завршни зборови во судот во Куманово
Во Основниот суд во Куманово се одржаа завршните зборови во случајот против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.

Во Основниот суд во Куманово денеска се одржаа завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор, оценувајќи дека изведените докази ја потврдуваат неговата одговорност. Јавниот обвинител Љубомир Лапе посочи дека жртвите биле усмртени на сличен начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај две од жртвите и кај една од преживеаните жени биле пронајдени ДНК-траги кои, според обвинителството, потекнуваат од обвинетиот.
Обвинителството посочи на доказите
Обвинителот наведе дека двете преживеани жени во своите искази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени. Во однос на убиството на Станче Каревска, кое Бојковски не го признава, обвинителството тврди дека тој во својот исказ изнел детали кои се совпаѓаат со форензичките наоди. Посочено било и психијатриското вештачење, според кое постои ризик од повторување на делата.
Одбраната бара пресуда врз основа на сите докази
Адвокатите на оштетените се согласија со барањето за доживотна казна и побараа надомест на трошоците и оштетно-правни побарувања. Одбраната, пак, побара судот да ги земе предвид сите докази, наглас
На следното рочиште Основниот суд во Куманово треба да ја изрече пресудата.
