Македонија
Дознај прв
ВАСИЛЕВСКИ ГО ПРЕКИНА ШТРАЈКОТ СО ГЛАД: „Си одам со нарушено здравје, но со крената глава“

По 6 дена, конечно за првпат ме посети мој колега, пријател, лекар кој ми ја понуди својата поддршка и засекогаш ќе му бидам благодарен за тоа. Благодарен сум и на јавноста, луѓето кои не ги познавам кои дојдоа да ми понудат помош или јавно или преку пораки застанаа на моја страна и ми влеваа надеж дека оваа моја битка нема да заврши неславно. Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицински факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите. За скоро една недела, скоро никој не се одважи да ме праша како сум, да побара решение или да ми понуди конкретен разговор. Дури и од колегите лекари, од кои очекував ако не поддршка, барем некој охрабрувачки збор, бев претставен како неработник, тие изнесоа мои лични податоци јавно во обид да ме дискредитираат. Ви благодарам за сите наведнати глави, вели Василевски во објава на Фејсбук.
Во ниеден момент не жалам што кренав глас, што сам пробав да се изборам за себе, што се обидов да ставам крај на неправдите. Се надевав дека мојот случај ќе биде лекција како не треба во иднина, дека треба секому да се даде шанса, праведна, а не да се бројат години или да се влечат врски. Си одам со благо нарушено здравје, ама горд на себе што издржав и не каснав ни залак, што не потклекнав под притисокот, што барем јавноста се сплоти околу мене. Јас и понатаму ќе продолжам да живеам за медицината, ќе се надградувам, ќе се едуцирам, ќе го усовршувам своето знаење и искуство и, пред сè, ќе останам посветен на она што отсекогаш ми било најважно – да бидам добар лекар. Фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи, стои во објавата на Фејсбук
View this post on Instagram
